Линкови за пристапност

Путин предупредува дека напад би го „зголемил насилството“


Во мислење објавено во Њујорк тајмс, рускиот претседател препорачува работа преку ОН и предупредува да не се презема унилатерална воена акција.

Рускиот претседател Владимир Путин предупредува на последиците од воен напад на Сирија, додека неговиот министер за надворешни работи се подготвува да се сретне со државниот секретар Џон Кери за разговор по планот на Москва за прекин на заканата што ја претставува сириското хемиско оружје.

Путин во напис објавен во весникот Њујорк тајмс ја нагласува потребата да се работи преку Обединетите нации и да не се презема унилатерална воена акција во Сирија. Тој вели дека американски воен напад „ќе го зголеми насилството и ќе предизвика нов бран на тероризам“, и може негативно да се одрази на напорите за постапување по иранската нуклеарна програма и во израелско-палестинскиот мировен процес.

Путин исто така кажа дека има секаква причина да верува дека опозиционите борци се одговорните за употребеното хемиско оружје во Сирија во обид да привлечат воена реакција од надвор. САД ја обвинуваат сириската влада за употреба на отровен гас против цивили.

Во меѓувреме, Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров треба да се сретнат во четврток во Женева да дискутираат за деталите од планот предложен од Русија за Сирија да го предаде своето хемиско оружје во раце на Обединетите нации за да биде уништено.

Официјални лица кои патуваат со Кери велат дека разговорите ќе бидат тест за „реалноста“ на предлогот и дека САД сакаат Сирија брзо да даде детали за нејзиниот арсенал на хемиско оружје. Тие велат дека обезбедувањето на оружјето е можно, но дека ќе биде „тешко и комплицирано“.

Кери, исто така во четврток, ќе се сретне со мировниот пратеник на Арапската лига во ОН, Лакдар Брахими.
XS
SM
MD
LG