Линкови за пристапност

Путин: Анкара и` заби нож в грб на Русија


Турција вели дека го соборила рускиот авион по неколку предупредувања да го напушти турскиот воздушен простор.

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Турција за „забивање на нож во грб“ на Русија, и за поддршка на тероризмот, откако турски авиони Ф-16 соборија руски Су-24 борбен авион на границата со Сирија.

Анкара вели дека го собориле авионот откако го нарушил воздушниот простор на земјата и игнорирал 10 предупредувањата во период од пет минути за да ја напушти областа. Од Министерството за одбрана на Русија велат дека авионот никогаш не ја напуштил сириската територија.

Путин призна дека рускиот авион бил соборен од страна на турски ловци, иако руските официјални лица претходно соопштија дека еден од нејзините борбени авиони бил соборен од проектил од земја. Путин останува на тврдењето дека авионот никогаш не бил закана за Турција, ниту пак влегол во турскиот воздушен простор.

Видео од областа покажува двајца пилоти како го напуштиле авионот со падобрани, а сириската бунтовничка група објави свој видеозапис, тврдејќи дека еден од пилотите е мртов. Русија вели дека пилотите се катапултирале, а нивната состојба не е позната.

Портпаролот на Кремљ настанот го нарече „многу сериозен инцидент“, но рече дека е премногу рано да се извлечат заклучоци.

НАТО ќе одржи итна средба за да разговара за инцидентот.

„На барање на Турција, Северно атлантскиот совет ќе одржи вонреден состанок во 17.00 часот по бриселско време. Целта на овој вонреден состанок е Турција да ги информира сојузниците за соборувањето на рускиот авион“, изјави официјален претставник на НАТО.

Од Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија која го следи насилството во Сирија, соопштија дека авионот паднал во Туркменистанските планини во провинцијата Латакија каде провладините сили водат борби со сириските бунтовници, а не е познато за присуство на Исламската држава во тој регион.

Американски официјален претставник од одбраната кажа дека Турција ги информирале САД дека нејзините авиони го собориле руски борбен авион кој го нарушил нејзиниот воздушен простор. Тој кажа дека американските сили не биле вклучени.

XS
SM
MD
LG