Линкови за пристапност

Анти-американски протести и во Авганистан и Пакистан


Најмалку еден загинат во судирите со полицијата среде демонстрациите против анти-исламистичкиот филм.

Властите во северозападен Пакистан велат дека еден демонстрант загинал во судирите со полицијата за време на демонстрациите против анти-исламистичкиот филм.

Муслиманите велат дека филмот „Невиноста на муслиманите“ е навредлив за пророкот Мухамед. Неговото прикажување резултираше со бран протести низ неколку земји на Блискиот Исток, вклучувајќи ги оние минатата недела во Либија, во кои беа убиени американскиот амбасадор во оваа земја и три лица од персоналот.

Амбасадите на западните земји ширум муслимаснкиот свет се на високо ниво на готовност заради насилството.

Речиси 1.000 демонстранти протестираа денеска во главниот град на Авганистан, извикувајќи „смрт за Америка“, палејќи автомобили и гуми во близина на американската воена база во Кабул.

Демонстрантите во Индонезија фрлаа запаливи бомби пред амбасадата на САД во Џакарта.
XS
SM
MD
LG