Линкови за пристапност

Камерон: Можно е рускиот авион да бил соборен


Секоја изјава пред истрагата да биде завршена е само шпекулација, сметаат руските и египетските власти

Британскиот премиер Дејвид Камерон верува дека не е исклучено бомба во авионот да е причина за несреќата минатата недела, во која животот го загубија 224 патници.

Зборувајќи пред средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси во Лондон, Камерон исто така нагласи дека експертите се` уште не се сигурни за причината на падот на авионот.

Египетски и руски владини претставници велат дека немаат докази со кои конечно би потврдиле дека имало бомба во авионот.

Американски владин претставник вели дека прекинатата комуникација упатува дека Исламската држава може да го урнала авионот. И британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд, вели дека е „голема веројатноста“ причина за падот на авионот да била експлозија во авионот.

Владата на Русија не ја прифаќа теоријата, велејќи дека е прерано да се кажува која е причината за авионската несреќа. Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, кажа дека секој донесен заклучок пред истрагата да заврши е шпекулација.

Портпаролот на египетскиот претседател исто така смета дека е прерано за донесување заклучоци.

Исламската држава ја презеде одговорноста, но до сега не изнесе докази.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест вели дека американски авиокомпании не летаат над Синај. Тој додаде дека американските експерти доставиле предупредување до комерцијалните авиокомпании пред неколку месеци за „потенцијална опасност од екстремистички напади“ во таа област.

XS
SM
MD
LG