Линкови за пристапност

Последни аргументи во сослушувањето за кауција на Писториус


Хилтон Бота
Хилтон Бота

Тимот за одбрана за јужноафриканскиот олимпиец Оскар Писториус ги даде завршните аргументи за тој да биде пуштен на слобода со кауција, додека главниот истражител и самиот е соочен со обвиненија за убиство.

Бранителот Бари Ру ги критикуваше истражителите во четврток за, како што рече, слаб квалитет на нивните докази. Тој исто така го повтори ставот на одбраната дека убиството на Рива Стинкемп од страна на Писториус минатата недела било несреќен случај, а не убиство со умисла.

Магистратот што го надгледува случајот претходно кажа дека не може да се отфрли умисла, но дека обвинението може да биде намалено. Властите велат дека детективот Хилтон Бота бил обвинет по седум основи за обид за убиство во врска со наводно пукање на возило кое се обидувал да го запре.

Обвиненијата во врска со инцидентот во 2011 провизорно биле повлечени, но полицијата вели дека тие биле повторно покренати.

Од Бота било побарано да се врати на подиумот за сведоци во четврток, но не бил прашан за неговиот случај.

Бота во среда од подиумот кажа дека изјавата на Писториус за тоа како се случило убиството е конзистентна со најдените докази на самото место.

Писториус се смета за спортски херој и национална ѕвезда во Јужна Африка. Тој направи историја во август кога стана првиот со двојна ампутација да трча на олимпијада.

По убиството, поголемите спонзори, Окли и Најки, ги суспендираа договорите со Писториус.
XS
SM
MD
LG