Линкови за пристапност

Напади заради карикатурите на Мухамед


Потпалувачкото претставување на пророкот многу пати порано било причина за насилство

Нападот врз францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо со седиште во Париз, е последниот во серијата напади врз западни издавачки куќи, со провокативен пристап кон пророкот Мухамед.

Контроверзата е стара веќе една деценија, откако данскиот весник Јиландс-Постен за прв пат објави 12 карикутури во форма на уреднички коментари во кои се исмејува пророкот Мухамед, а кои потоа беа објавувани во бројни публикации ширум светот. Неколку месеци подоцна низ неколку муслимански држави беа организирани насилни протести што резултираа во преку 200 смртни случаи.

Парискиот неделник на чело со уредникот Стефан Шарбониер, убиен во последното насилство, беше во првите борбени редови во издаваштвото, тестирајќи ги границите за правото на слободата на изразување, вообичаено во западните земји. Но, бројни муслимани жестоко реагираа на карикатурите на пророкот Мухамед и сатиричните коментари во кои се исмејува Исламот.

Шарли Ебдо беше едно од изданијата што ги објави данските карикатури. Весникот е познат и по критика упатена кон Римокатоличката црква за сексуалните скандали поврзани со деца и скандали на политичари.

Во Вашингтон, претседателот Барак Обама остро го осуди нападот. Сепак, во 2012-та, понуди свое мислење по објавување на карикатурите во кои пророкот Мухамед е прикажан соголен. Тогашниот портпарол на Белата куќа, Џеј Карни, изјави дека САД не го доведуваат во прашање правото да се објавуваат карикатури, но го поставуваат прашањето за добриот вкус и проценката што е направена за да се објават таквите карикатури.

Канцелариите на Шарли Ебдо беа нападнати во 2011-та, а муслиманските групи го обвинија весникот за расизам. Весникот сепак успешно се бранеше по оваа основа, велејќи дека според францускиот закон, го користи правото на слобода на говор, а преку гаранцијата за одвоеност на црквата од државата, го користи правото да ја критикува религијата.

Во сличен развој на настаните, шведскиот карикатурист Ларс Вилкс беше мета на наводен меѓународен заговор за убиство заради тоа што во 2007-та година пророкот Мухамед го прикажал како куче, а во 2010-та година бил нападнат од демонстранти кога прикажувал ирански филм во кој пророкот е претставен како влегува во бар за хомосексуалци.

Реагирајќи на нападите врз Шарли Ебдо, Јиландс-Постен го засили обезбедувањето околу своите канцеларии во Копенхаген и уште еден град во Данска.

XS
SM
MD
LG