Линкови за пристапност

Пакистански милитанти го нападнале аеродромот во Карачи


Дваесет и осум мртви е билансот од нападот, вклучително и 10-мина од напаѓачите; Пакистански Талебан ја презел одговорноста

Тешко вооружени милитанти упаднале на главниот аеродром во Карачи, Пакистан, во неделата, и по петчасовна битка со полицијата и војската 28 лица се мртви вклучувајќи и 10 од напаѓачите.

Официјални лица велат дека десеттемина биле или убиени од полицијата или самите се разнеле со самоубиствени елеци.

Неколкумина од безбедносниот персонал биле убиени заедно со четворица вработени во аеродромот. Патниците биле евакуирани и никој од нив не бил повреден.

Официјални лица велат дека милитантите носеле облека што личела на униформите на лицата за обезбедување и употребиле рачни гранати да го пробијат својот пат низ терминалот на меѓународниот аеродром.

Неколку големи експлозии биле слушнати за време на вооружената престрелка со полицијата што траела до понеделник наутро. Голем пожар избувнал за време на судирот, во терминалот за карго, но официјални лица велат дека не биле оштетени авионите.

Пакистански Талибан ја презел одговорноста за нападот. Милитантната група неодамна одржа неуспешни мировни разговори со пакистанската влада. Премиерот Наваз Шариф ги осуди нападите.
XS
SM
MD
LG