Линкови за пристапност

Украина: Полицијата презела назад собраниска зграда


Украинските армиски сили одбиле напад на база

Украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков, вели дека полицијата ги истерала руските сепаратисти од зградата на градското собрание во источниот град Мариупол.

Аваков преку Фејсбук во четвртокот кажа дека градските официјални лица сега можат да се вратат на работа. Тој не даде детали за тоа како е преземена зградата, но извести дека немало жртви.

Владата исто така вели дека украинските сили одбиле напад на вооружени сепаратисти кај армиската база во градот Артемивск. Еден војник бил повреден.

Украина вели дека ја релансира како што вели „антитерористичката“ операција спрема вооружените про-Руси кои презеле владини згради во десетина источни градови. Сепаратистите барат право да гласаат за тоа дали да се отцепат од Украина и да се приклучат кон Русија.

Американскиот претседател Барак Обама, зборувајќи со новинарите во четврток во Токио, Јапонија, кажа дека Русија не се придржува на Женевскиот договор за намалување на кризата во Украина и кажа дека нема многу надеж ека Русите ќе соработуваат.

Тој кажа дека Русија избрала да не појде по „умен пат“ и дека се соочува со посилни санкции кои се договорени минатата недела во Женева. Тоа вклучува нудење на амнестија за проруските сепаратисти кои мирно ќе ги напуштат зградите.
XS
SM
MD
LG