Линкови за пристапност

Порака на Обама до лидерите на самитот во Париз


На почетокот на самитот во Париз, Обама повика на заедничка одговорност на нациите во борбата против климатските промени

Американскиот претседател Барак Обама на самитот за климатски промени во Париз во понеделникот им се обрати на присутните светски лидери, велејќи дека напредокот што ќе биде постигнат на овој самит ќе биде проценет како „избегнато страдање и зачувана планета“.

Обама изјави дека лидерите на земјите кои присуствуваат на самитот имаат чувство на итност за справување со испуштањето на штетните гасови и за ограничување на покачувањето на температурата на глобално ниво. Тој го наведе напредокот што САД и некои други земји веќе го имаат постигнато.

„Наша задача во Париз е да ги ставиме овие достигнувања во долготрајна рамка за напредок на човештвото. Не решение кое ќе биде „лепенка“ на проблемот, туку долгорочна стратегија која ќе му даде уверување на светот дека ќе има иднина со низок степен на загадување “ изјави тој.

Тој ги повика делегациите да се согласат за систем што ќе биде транспарентен и кој ќе изгради доверба дека секој ги исполнува своите обврски. Исто така тој ја нагласи потребата од поддршка за земјите во развој со цел да им се помогне да користат еколошки извори на енергија.

Лидерите ќе работат на согласување околку ограничувањето на просечното глобално затоплување на не повеќе од 2 степени целзиусови, споредено со нивото од пред-индустриската револуција.

Метеоролошката агенција на Обединетите нации, вели дека просечната температура на глобално ниво ќе биде покачена за еден степен целзиусов, што е половина од ограничувањето што Обединетите нации сакаат да го наложат, за да се спречи потенцијално, катастрофално влијание на глобално ниво.

XS
SM
MD
LG