Линкови за пристапност

Обама и Ромни со голем залог во првата дебата


Американскиот претседател Барак Обама и неговиот републикански противник Мит Ромни ќе се конфронтираат во среда навечер на првата од трите дебати во претседателската трка.

На само пет недели пред изборите на 6-ти ноември, Обама влегува на дебатата со предност над Ромни во истражувањата на јавно мислење и на национално ниво и во сојузните држави што се сметаат за одлучувачки за изборите.

Ромни, пензиониран мултимилионерски бизнисмен и поранешен гувернер на Масачусетс, почна да губи откако се појави видео, тајно снимено на еден од неговите настани за собирање пари, каде кажа дека 47 проценти од Американците кои ќе гласаат запретседателот „без оглед на се`“ не плаќаат даноци и себе си се сметаат за „жртви“ на државата е должна да им помогне.

Двајцата во вторникот беа надвор од очите на јавноста, ангажирани во вежбање за дебатата. Обама мина два дена во Невада, а Ромни беше во близина, во Денвер, Колорадо, каде ќе се одржи дебатата во среда.

Аналитичарите велат дека дебатите може да бидат најдобра и последна шанса за Ромни да ја оживее својата кампања и да ја промени насоката на трката.
XS
SM
MD
LG