Линкови за пристапност

Обама даде заклетва на вториот претседателски мандат


Главниот судија на Врховниот суд Џон Робертс раководеше со заклетвата на Обама.
Главниот судија на Врховниот суд Џон Робертс раководеше со заклетвата на Обама.

На денешната церемонија на инауграција пред Конгресот се очекуваат 800.000 луѓе.

Со дланка на примерок на Библијата што припаѓа на семејството на сопругата Мишел, Барак Обама неделата даде заклетва на вториот мандат на претседателската функција.

Претходно, истото го стори и претседателот Џо Бајден. Тие заедно, како што налага традицијата, положија и венец на Гробот на незнајниот јунак на Националните гробишта Арлингтон.

​Заклетвата е симбол на мирното предавање на власта во САД, по долгата изборна трка, која изобилуваше со политичка поделеност. Американскиот устав налага претседателот да даде заклетва на 20-ти јануари, но бидејќи тој датум годинава паѓа во недела, јавната церемонија на инаугурација ќе се одржи во понеделник пред Конгресот и на неа Обама и Бајден повторно ќе ветат дека верно ќе ги извршуваат функциите и дека ќе го заштитуваат, чуваат и бранат Уставот на земјата.

На оваа церемонија се очекува помала посетеност од пред четири години, кога речиси два милиона Американци се собраа на Националното шеталиште пред Конгресот за да присуствуваат на заклетвата на првиот претседател – Афроамериканец. Според проценките, инаугурацијата годинава ќе ја проследат околу 800.000.

Обама ќе се заколне на две Библии со историска вредност – првата од 19-век, што припаѓала на претседателот Абрахам Линколн, и втората, што била сопственост на борецот за граѓански права, Мартин Лутер Кинг, кој падна како жртва на атентат во 1968-ма.

Понеделничката инаугурација се совпаѓа со федералниот празник, Роденденот на Мартин Лутер Кинг.

По заклетвата, Обама и првата дама Мишел ќе се најдат на чело на инаугуралната парада со која ќе се вратат во Белата куќа, а подоцна ќе учествуваат на само двата официјални инаугурални балови, за разлика од 10-те, колку што се одржаа по инаугурацијата 2009-та.

Во продолжение, погледнете неколку фотографии направени околу зградата на Гласот на Америка, ноќта пред инаугурацијата.




XS
SM
MD
LG