Линкови за пристапност

Столтенберг повикува на изнаоѓање политичко решение за Сирија


Ова го изјави по пристигнувањето во Амстердам каде ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на ЕУ

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вели дека руските воздушни напади во Сирија, ги подриваат напорите за изнаоѓање политичко решение за конфликтот во земјата.

Ова го изјави по пристигнувањето во Амстердам каде ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на ЕУ.

„Дополнително, зголеменото руско воздушно присуство во Сирија причинува и зголемени тензии и нарушувања на турскиот воздушен простор. Ова создава ризици и секако претставува предизвик за НАТО, бидејќи воедно претставува нарушување и на воениот простор на Алијансата“, кажа Столтенберг.

Тој повика на смирување на ситуацијата и намалување на тензиите, како и преземање на дополнителни напори да се најде политичко решение за Сирија.

Во меѓувреме, за денеска се закажани консултации на Советот за безбедност на ОН и специјалниот претставник за Сирија, Стафан де Мистура околу прекинот на преговорите за оваа земја и нивно презакажување за 25-ти февруари.

XS
SM
MD
LG