Линкови за пристапност

Еволуција на третманот на Мандела во САД - од комунист во Студената војна до херој на анти-апартхејдот


На Нелсон Мандела, по неговата смрт, САД гледаат како што на него гледа поголемиот дел на светот. Но не било секогаш така.

Поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди кажа дека САД во 1962 застанале зад „исклучителна група“ на африкански лидери кои ги граделе своите нови држави по добивањето независност:

„Ова беше непознат континент за нас зашто беше под доминација на Европа. Сега се отвора, и ние сакаме да бидеме дел од тоа. Нашиот интерес е целосно непристрасен. Ние немаме голема комерцијална историја. Ние немаме историја на експлоатација. Ние го поддржуваме напорот на ОН во Африка. Ние сакаме да бидат независни.“

Со сето посегање по лидерите во Алжир и Гана и Гвинеја, исклучителната група на Африканци на Кенеди не го вклучи Африканскиот национален конгрес на Нелсон Мандела.

Јужна Африка со апартхед беше најголемиот трговски партнер на Вашингтон во Африка, со резерви на ураниум на кои можеше да смета, пристаништа за американската морнарица и четири станици за следење на проектили. Државниот секретар Дин Раск се спротистави на економските санкции, предупредувајќи дека ослабувањето на владењето на белите може да води кон „комунистичка инфилтрација“.

Поранешниот претседател Линдон Џонсон се задржа на истата анти-комунистичка патека и покрај средбата на тогашниот сенатор Роберт Ф. Кенеди во 1966 со забранетиот лидер на АНК Алберт Лутули и неговиот говор на Универзитетот на Кејп Таун кога славно зборуваше за секој удар против неправдата креирајќи искри на надеж.

И тие премрежувања, кои доаѓаат од милион различни центри на енергија и смелост, тие бранчиња градат силен тек што може да разнесе најсилни ѕидови на угнетување и отпор
Линдон Џонсон
„И тие премрежувања, кои доаѓаат од милион различни центри на енергија и смелост, тие бранчиња градат силен тек што може да разнесе најсилни ѕидови на угнетување и отпор.“

За време на администрациите на Никсон и Форд, вредноста на владеењето на белите како бедем против комунизмот беше зајакната со поддршката на Мандела на кубанскиот претседател Фидел Кастро и повеќе од 30.000 кубански трупи во соседна Ангола што го блокираше јужноафриканскиот напредок на Луанда, во 1975.

Кога јужноафриканските трупи извршиле инвазија на Ангола, Кастро на новинарите им кажал дека Кубанците не можеле само да стојат без да преземат ништо.

Државниот секретар на поранешниот претседател Џими Картер , Сајрус Венс поведе делегација на ОН во Јужна Африка во 1978 откако Преторија ја зазеде сегашна Намибија. Администрацијата на Картер го зајакна ембаргото за оружје, но продолжи да се противи на економските санкции.

Поранешниот претседател Роналд Реган на новинарот на ЦБС Њуз Волтер Кронкајт му кажа дека доколку САД би преговарале со Русија сигурно би продолжиле да преговараат „со пријателска нација како Јужна Африка“ која „стратешки е многу важна за слободниот свет со нивното производство на минерали“

Авторот Џон Аркила е хроничар на надворешната политика на Реган.

„Во зенитот на Студената војна, Јужна Африка беше место каде беа лоцирани најважните стратешки ресурси – ванадиум и други важни стратешки метали, во големи количини. Така, авторитарната и расистичка тамошна влада беше во можност да тргува со тоа некое време, бидејќи Советскиот сојуз, што беше наш непријател, имаше свои природни ресурси кои далеку ги надминуваа нашите.“

Протестите против апартхејтдот на американските кампуси на колеџи пораснаа. Конгресот гласаше да го поништи ветото на економски санкции на претседателот Реган. Конгресменот Луис Стокс на телевизискиот канал Ц-спен зборуваше за граѓанската непослушност пред јужноафриканската амбасада.

„Тоа беше најмалку што можевме да сториме зашто ако Нелсон Мандела можел да мине 28 години во затвор за борбата на неговиот народ и неправејќи никакво кривично дело, ние секако можеме да одиме во затвор една ноќ за да ја извадиме на виделина нееднаквоста на апартхејдот во Јужна Африка.“

Со ослободувањето на Мандела од затвор во 1990, поранешниот претседател Џорџ Херберт Вокер Буш го покани јужноафриканскиот претседател Ф.В. деКлерк во Белата куќа да ја покаже американската поддршка за она што тој го нарече „нов бренд на лидерство пореалистично за политичка промена“.

...има работи што тој ги направи кои заслужуваат наша поддршка и наша почит
Џорџ Херберт Вокер Буш
„Ослободувањето на Мандела очигледно е многу позитивен знак. Мислам дека повеќе треба да биде сторено, но има работи што тој ги направи кои заслужуваат наша поддршка и наша почит“.

Американските анти-апартхејд лидери се спротиставија на поканата – прва за јужноафрикански претседател. Активистот Рандал Робинсон кажа дека претседателот Буш се движи пребрзо.

„Барам од него да биде конзистентен со претходната американска политика по ова прашање и да биде конзистентен со нашите одговори на други нации предводени од тирани од овој вид.“

Трудот на Мандела на полето на расно помирување и неговиот избор за претседател на Јужна Африка од страна на народот, според зборовите на поранешниот претседател Бил Клинтон, го направиле херој за луѓето насекаде.

„Долго време, името Нелсон Мандела стоеше како синоним на борбата за слобода. Апартхејдот не можел да го замолчи. И кога беше ослободен, Американците од целата држава кои се бореле за правда во Јужна Африка славеа.“

Минатите ставови за прекинување на апартхејдот стана дел од американската политика. Менаџерот на кампањата на поранешниот претседател Џорџ В. Буш, Карл Роув, вели дека тоа било дел од коригирањето на потпретседателот Дик Чејни.

„Чејни беше многу конзервативен член на Конгресот од Вајоминг, и ние ќе требаше да го браниме неговиот глас по одредени прашања, вклучувајќи го и гласањето против резолуцијата што повикува на ослободување на Нелсон Мандела од затвор.“

Буш го прими Мандела во Белата куќа, нарекувајќи го симбол на храброст. Но на Јужноафриканецот требаше да му се даде ослободување од обврската да има виза зашто се` уште бил на официјалната американска терористичка листа. Претставничката во Конгресот Барбара Ли вели дека тоа бил двопартиски напор тоа да се поправи.

„Тоа е еден од оние моменти кога сме виделе државен секретар, републиканци, демократи – сите ние да работиме заедно за прекинување на таа страшна политика што ја имавме во однос на АНК и Нелсон Мандела.“

Претседателот Барак Обама вели дека Нелсон Мандела го поставил стандардот служба, сеедно дали сме студенти, продавачи, фармери, кабинетски министри или претседатели. Тој повикува да им служиме на другите човечки суштества и да ги подобруваме нашите заедници.“
XS
SM
MD
LG