Линкови за пристапност

Среќен 4-ти Јули


Зошто се слави и други интересни факти за Денот на независноста на САД

Овој ден ќе остане запаметен во американската историја, напиша Џон Адамс во 1776-та. Граѓаните ќе го одбележат празникот со огномет и големи прослави. Тој алудирал на 2-ри јули.

Тоа е датумот кога континенталниот Конгрес гласал за независност од Британија. Но, датумот на Декларацијата на независност е запишан како 4-ти јули. Од 1776-та, Американците го одбележуваат како Ден на независноста.

А што се случува тогаш на 2-ри јули? Ништо. Освен ако не ви е роденден тој ден или годишнина на бракот.

Патриотски до самиот крај

Говорејќи за годишнини, неколку американски претседатели починале токму на 4-ти јули. Меѓу нив е и Џон Адамс, кој бил втор претседател на САД, иако направил грешка за најважниот национален празник. Џон Адамс и Томас Џеферсон, третиот претседател на државата, умреле на 50-тата годишнина од Денот на независноста.

Џејмс Монро, петтиот претседател на нацијата, починал на 4-ти јули 1831-ва. Триесетиот претседател Калвин Кулиџ, пак, бил роден на 4-ти јули 1872-ра.

Интересно? Или одвратно?

Повеќето Американци го прославуваат Денот на независноста со скара, паради и огномети. Некои и со традиционални натпревари во јадење виршли.

Од почетокот на 1970-тите, ресторанот „Славниот Натан“ организира натпреварување во тоа кој може да изеде најмногу виршли за кус временски период. Настанот, се прикажува на големите спортски ТВ мрежи. Натпреварувањето се одржува во машка и женска конкуренција. И двата настани се одржуваат во Њујорк, во дел од градот наречен Кони Ајленд.

Последните осум години, неприкосновен шампион во машка конкуренција е Џои Чеснат. Во 2014 изел 61 сендвич со виршла за 10 минути. Победничка меѓу жените во 2014-та била Мики Судо, со 34 хот-дог сендвичи.

Од каде доаѓаа огнометот?

Огнометот е веројатно најчеста слика поврзана со Денот на независноста. Американците многу сакаат огномети. Лани потрошиле 675 милиони долари на пиротехника.

Просечен Американец троши по околу 100 долари за локален огномет. Градовите трошат меѓу 5.000 и 30.000 долари за вакви претстави.

Најголемиот огномет во САД за Денот на независноста е во Њујорк. Чини два милиони долари. А од каде доаѓаат американските огномети? Од Кина.

Но и повеќето американски знамиња што се веат низ САД се увезени од Кина. Среќен празник!

XS
SM
MD
LG