четврток, 24 април 2014

Актуелно / Македонија

Метју Нимиц: Дадов неколку сугестии

Се работи за тешко прашање, но лидерствата во двете земји мора да разберат дека ова е нивна одговорност и дека целиот свет следи што се случува, вели посредникот на ОН.

Големина на текстот - +
Јане Бојаџиевски
По вчерашните одделни средби, посредникот на ОН во разговорите за спорот за името, Метју Нимиц, денеска оствари двочасовен заеднички состанок со претставниците на Македонија и Грција, амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
 
Разговарале за статусот на преговорите, досегашните идеи од официјални Скопје и Атина, размената на меморандумите за разбирање меѓу шефовите на дипломатиите и градењето на меѓусебна доверба.  


x
Нимиц на прес-конференцијата во седиштето на ОН рече дека преговарачите биле отворени и јасни во изразување на ставовите.  Тој ги информирал дека по посетата на генералниот секретар на ОН Бан ки Мун во Скопје во јули, на која ги самиот го придружуваше, лично е заинтересиран за придвижување на преговорите.  На тоа, обете страни изразиле искрена подготвеност за решавање на спорот.
 

Им дадов неколку сугестии на двете страни за можностите за напредок за прашањето

 Им ги изразив моите ставови и им реков да разговараат со своите влади и дали некои од нив се корисни за нив.  Самиот предложив да ги посетам Скопје и Атина и да дискусирам за деталите, или да ги продолжам средбите тука или на друго место“, рече Нимиц.  
 
Грчкиот преговарач Адамантиос Василакис ги оцени  средбите во Њујорк како корисни.  Грција учествува конструктивно во преговорите, рече Василакис и ги поддржува преговорите во рамки на ОН, водени од посредникот на ОН.  Тој потсети дека Грција поднела меморандум за разбирање до властите во Скопје, со цел да промовира добрососедски односи меѓу двете земји.
 
За Василакис, сугестиите од Нимиц се идеална основа за надминување на некои проблеми, доколку, како што рече, постои политичка волја кај двете страни.
 
Неговиот македонски колега Јолевски ги оцени разговорите како конструктивни и му се заблагори на Нимиц за начинот на водење на преговорите.  Тој потсети дека Македонија останува посветена да се најде взаемно прифатливо решение што, како што рече, ќе ги штити идентитетот и достоинството на македонскиот народ, согласно меѓународното право и принципи.
 
За Јолевски, интеграцијата на Македонија во евроатлантските институции е од корист за земјата, но и за регионот и соседите.
 
„Градењето добрососедски односи ќе помогне да се придвижи целиот процес напред“, заклучи македонскиот амбасадор.  
 
На прашање за препораката на Европската комисија за почеток на преговори за членство со обврска спорот да се реши во текот на процесот, Нимиц оцени дека процесот во ЕУ е целосно одвоен од оној на ОН и си има свој тек.
 
Според Нимиц, македонската интеграција во евроатлантскиот свет е многу висок приоритет.  „Распоредот и процедурата на таа интеграција зависи од ЕУ и од НАТО и не е дел од моите обврски“, изјави Нимиц, кој повика на политичка волја на двете земји за да го надминат спорот околу името.
 
Нимиц одби директно да одговори на новинарско прашање за можноста и Бугарија да се приклучи на Грција во блокирањето на македонските евроатлантски интеграции.
 
Тој потврди дека на средбите во Њујорк станало збор и за пресудата на Меѓународниот суд на правдата и оцени дека е важна за спорот, но не е директно дел од него, додавајќи дека “сите ја знаеме важноста МКГ и важноста да се почитуваат неговите одлуки“.
 
Претходно, во најавата спроти средбите во Њујорк, прес-службата на ОН соопшти дека целта на преговорите во ваков формат во Њујорк е да се процени статусот на разговорите и можноста да се направи напредок во решавањето на прашањето за името.
Овој форум е затворен.
Коментари
     
Нема коментари на овој форум. Бидете првиот кој ќе коментира.

Преземете ја апликацијата на Гласот на Америка за мобилни телефони и таблет-компјутери

Download mobile app for your Android device.
Download mobile app for your iPhone or iPad.

NEWSFLASH

Your JavaScript is turned off or you have an old version of Adobe's Flash Player. Get the latest Flash player.
Newsflashi
X
24.04.2014
<span style="color: rgb(51, 51, 51); font-family: Arial, Helvetica, sans-serif; font-size: 12px; text-align: left; background-color: rgb(255, 255, 255); ">Првата и единствена редовна ТВ-емисија на македонски јазик од еден странски медиум.&nbsp;</span> <ul style="margin-top: 5px; list-style-position: initial; list-style-image: initial; color: rgb(51, 51, 51); font-family: Arial, Helvetica, sans-serif; font-size: 12px; text-align: left; background-color: rgb(255, 255, 255); "> <li style="padding-top: 2px; padding-bottom: 0px; padding-left: 8px; font-size: 1em; line-height: 1.25; background-image: url(http://media.voanews.com/designimages/bullet-tiny.gif); background-position: 0px 8px; "> Погледнете&nbsp;<a href="http://www.voanews.com/mp4/voa/europe/mace/latest/MACEDONIAN_NEWSFLASH.mp4" style="padding: 0px; margin: 0px; color: rgb(43, 102, 149); ">MP4</a>&nbsp;|&nbsp;<a href="http://www.voanews.com/wm/voa/europe/mace/MACEDONIAN_NEWSFLASH.asx" style="padding: 0px; margin: 0px; color: rgb(43, 102, 149); ">WM</a></li> </ul>

Вести од САД во минута

Your JavaScript is turned off or you have an old version of Adobe's Flash Player. Get the latest Flash player.
Вести од САД во минутаi
X
23.04.2014

Дружете се со нас