Линкови за пристапност

Немирна ноќ на судири во Украина


Силите за безбедност се повлекле откако најпрвин упаднале во кампот на демонстрантите во Киев и се обиделе да ги истиснат од Градското собрание

Силите за безбедност на Украина се повлекле по немирната ноќ на судири со прозападно ориентираните демонстранти во центарот на главниот град.

До пресметката дошло во Градското собрание на Киев. Полицијците со извадени палки се обиделе да ги истиснат демонстрантите од зградата. Според медиумските извештаи, демонстрантите возвратиле со млазови вода од противпожарни хидранти. Полициските автобуси потоа ја напуштиле областа.

Неколку часа претходно, силите за безбедност упаднале во кампот на демонстрантите на плоштадот во центарот на Киев и ги срушиле поставените шатори.

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение во кое изрази „згрозување“ од потегот на украинските власти да испрати булдожери и специјалци, наместо, според зборовите на државниот секретар Џон Кери „да ги почитува демократските права и човековото достоинство“.

Почитувањето на демократските принципи, вклучувајќи ја слободата на слободно здружување“ е фундаментална за пристапот на САД кон Украина
Џон Кери
Кери рече дека „почитувањето на демократските принципи, вклучувајќи ја слободата на слободно здружување“ е фундаментална за пристапот на САД кон Украина. Тој кажа дека овие вредности се универзални, а не само американски.

Првиот човек на Стејт департментот повика на „крајна воздржаност“ и рече дека мора да се заштитат животите на луѓето.

Протестите почнаа на крајот од ноември, откако украинскиот претседател Виктор Јанукович не го потпиша договорот за слободна трговија со ЕУ, за полза на подобри економски и политички врски со Русија.

Денес украинскиот премиер Микола Азаров соопшти дека неговата земја бара финансиска помош од 27,5 милијарди долари од ЕУ пред да го потпише договорот за стабилизација и асоцијација со Унијата.
XS
SM
MD
LG