Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека жените не се еднакви со мажите и оти Исламот ја дефинирал позицијата на жената: мајчинство.
Зборувајќи на конференција во Истанбул на тема за жените и правдата, Ердоган изјави дека е неприродно да се изедначат мажот и жената.
Асошиејтед прес го цитираше со зборовите: „Не можете да им кажете да одат надвор и да копаат земја. Тоа е против нивната нежна природа“.
Тој ги обвини феминистките дека не го прифаќаат концептот на мајчинство.
Политичката партија со исламски корени на турскиот лидер често е обвинувана за обид да ги поткопа световните темели на Турција и граѓанските слободи.