Линкови за пристапност

Трговско транс-пацифичко партнерство


САД и 11 држави од Пацифичкиот брег постигнаа конечен договор за широк трговски договор со кој што ќе намалат даноците, но и трговските бариери за речиси половина население од светската економија

Со Пактот се намалуваат тарифите и другите трговски бариери за добра и услуги, вклучувајќи автомобили, медицинска опрема и млечни производи. Со него се поставуваат и правила за заштита на работната сила и на животната средина, и ја заштитува интелектуална сопственост за мулти-националните корпорации.

Беа потребни седум години на понекогаш неизвесни преговори да се финализира овој трговски договор.

Втората најголема економија во светот Кина одлучи да не се приклучи на пактот. Но, американски официјални лица велат дека Кинезите се добредојдени да станат партнери, кога ќе сметаат дека е вистинско време за нив.

Транс-пацифичкото партнерство е голема победа за надворешната политика на американскиот претседател Барак Обама, иако и натаму е неизвесно конгресното гласање.

Парламентите и законодавците на 12 држави мора да го ратификуваат договорот. Ќе се гласа во САД, Јапонија, Австралија, Брунеи, Канада, Чиле, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур и Виетнам.

XS
SM
MD
LG