Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДХР оцени дека вчерашниот изборен ден во Македонија бил ефикасно спроведен, но оти во предизборниот период не биле почитувани заложбите на ОБСЕ. Нивното почитување произлегува како обврска на земјата од членството во меѓународната организација.
„Вчерашните избори беа ефикасно спроведени и изборниот ден мина мазно, но имаше вистински проблеми пред, и, за жал, по гласањето“, кажа Кристин Матоне, специјалната координаторка која раководеше со краткотрајната набљудувачка мисија на ОБСЕ. „Владејачката партија не ги одвои на адекватен начин своите партиски и државни активности, додека главната опозициска партија, пак, за жал, најави дека нема да ги признае изборните резултати. Јас цврсто ги поттикнувам сите политички чинители да соработуваат за да создадат позитивна клиа по изборите“, изјави Матоне.
Според амбасадорот Герд Аренс, кој раководеше со набљудувачката мисија во текот на предизборната кампања, не биле почитувани битни аспекти: „Резимирајќи ги изборите, вториот круг не успеа да ги исполни важните заложби на ОБСЕ, меѓу што и одвојувањето на државата и партијата, обезбедувањето на фер-услови, неутралноста на медиумите, точноста на гласачкиот список и можноста за корекција преку ефикасна жалбена процедура“.
Како што беше соопштено на денешната прес-конференција, набљудувачите забележале дека продолжиле кредибилните наводи за застрашување на гласачите, меѓу што и притисокот од една партија врз етнички-албанските гласачи да ги бојкотираат претседателските избори.
Набљудувачката мисија ги набљудувала и медиумите и начинот на кој известувале за време на предизборната кампања и денот на изборите.
„Набљудуваните медиуми беа наголемо пристрасни во корист на владејачката партија и претседателскиот кандидат, додека известуваа негативно за кампањата на главата опозициска партија“, рече Изабел Сантос, која беше на чело на делегацијата на Парламентарното Собрание на ОБСЕ. „Сите чинители“, препорача таа, „треба сериозно да погледнат во наодите, а потоа да соработуваат за да создадат услови за послободна и непристрасна медиумска средина“.
Европската комисија утрово изрази жалење за негативниот развој на полтичката ситуација во земјата, а по одлуката на СДСМ да не ги признае изборните резулати и најави дека својата оценка ќе ја даде отако ОБСЕ и ОДХР ќе ги објават наодите од набљудувањето на изборите.
Иборите ги набљудуваше и невладината организација МОСТ. Според нејзиниот прелиминарен извештај, претставен денеска, изборите минале мирно но забележани се низа нерегуларности.
„Изборниот ден помина мирно, но со зголемен интензитет на мобилизација на гласачите, која во одредени случаи преминуваше во притисок врз нив да излезат да гласаат. Ова беше евидентно и од фактот што пред одредени гласачки места забележано беше агитирање и евидентирање на гласачите“, изјави Дарко Алексов, претседателот на МОСТ.
Тој нагласи дека правото на тајно гласање било прекршено кај болните и изнемоштени лица. Додаде и дека било забележано користење на службени возила, а малолетниците биле присутни на митинзите на сите политички субјекти.
„Во текот на кампањата беше забележан повик за мобилизација на гласачите по етничка основа, изразен преку барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за освојување на апсолутно мнозинство во Собранието и барањето на лидерот на ДУИ за освојување на 25 пратеници. Ваквите повици не придонесуваат кон градење на одржливо мултиетничко и мултикултурно општество“, рече Алексов.
За нерегуларности во текот на избирачкиот процес извести и невладината организација ЦИВИЛ која исто така го набљудуваше избирачкиот процес.
„Денот на изборите изобилуваше со нерегуларности, како на пример гласачите од Пустец, кои беа забележани во Ресен, Мала Речица, Бутел, Кичево и Аеродром, веќе гласале во Тирана во саботата. Дошле обележани со фломастер и на двата прста но, по реакциите на избирачките одбори биле спречени повторно да гласаат“, истакнаа синоќа од невладината ЦИВИЛ на прес-конференцијата одржана на полноќ.