Линкови за пристапност

Пречките технички и ќе бидат отстранети


Претседателот Обама реагира на поплаките во врска со Интернет-страницата на законот за здравствена заштита

Американскиот претседател Барак Обама е фрустриран поради техничките проблеми на Интернет-страницата со информации за добивање на здравствено осигурување, отворена согласно новиот закон за здравствена заштита.

Во обраќањето од Белата куќа, тој вети дека пречките ќе бидат отстранети и повтори дека законот нуди добра здравствена заштита за Американците. Претседателот коментираше дека никој не е полут од него поради тоа што страницата HealthCare.Gov не функционира беспрекорно откако беше отворена на 1-ви октомври, денот кога стапи на сила законот.

Страницата е клучен елемент на Актот за достапна здравствена заштита од 2010-та, познат и како Обамакеар, чија цел е да им олесни на милиони Американци да добијат приватно здравствено осигурување. Корисниците се жалат дека не можат да отворат сметка, дека примаат конфузни пораки за технички грешки, како и дека страницата бавно се ажурира.

Обама рече дека владата најмила некои од најдобрите стручњаци во областа на информатичката технологија за да го подобри функционирањето на страницата. Кажа и дека законот е повеќе од обична Интернет-страница и дека без оглед на противењето на републиканците, тој се залагал за законот поради милиони Американци кои немаат здравствено осигурување, а кои со него ќе добијат квалитетна и достапна здравствена заштита.

Лидерот на малцинските републиканци во Сенатот, Мич Меконел, преку Твитер ги отфрли коментарите на Обама, истакнувајќи дека Обамакеар чини премногу и не функционира.
XS
SM
MD
LG