Линкови за пристапност

Хрватска ги затвори границите


Премиерот Зоран Милановиќ изјави дека неговата земја нема повеќе да регистира илјадници мигранти откако повеќе од 11.000 влегоа неделава

Хрватска затвори седум од осум гранични премини со Србија откако бран мигранти ја мина нејзината граница затоа што Унгарија одби да ги прими. Во интервју за хрватската телевизија, Милановиќ рече дека Хрватска е мала земја и оти мигрантите се добредојдени, но оваа нација не може да ги прими сите мигранти. Тој рече дека ќе добијат храна, вода и медицинска помош, но мора да го продолжат патешетвието.

Во меѓувреме, германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Стајнмаер рече дека некои членки на Унијата и натаму се противат да се согласат за системот за квоти за секоја земја членка за прифаќање на бегалци.

XS
SM
MD
LG