Можно е решение за името, на начин на кој и Грција и Македонија би почувствувале дека постигнале успех - вака смета поранешниот американски амбасадор во НАТО, Курт Вокер. Во интервјуто за Гласот на Америка, тој изразува надеж дека ќе дојде до напредок уште пред Самитот на Алијансата во септември.
Вокер, кој сега е извршен директор на Институтот Мекејн за меѓународно лидерство, дел од Универзитетот на сојузната држава Аризона, вели дека го видел македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во разговор со учесници на неодамна одржаната редовна годишна Минхенска конференција за безбедност, но смета дека прашањето за името но било значаен јавен дел на овој собир.
„Мислам дека пораката што би ја извлекол од тоа, во случај да сум Македонија или Грција, е дека меѓународната заедница не може да го реши овој проблем наместо нив. Постои подготвеност и поддршка за Македонија. Би сакале да се придвижи кон членството во НАТО, во ЕУ, и да ја види можноста за поголема економска интеграција и развој на Балканот. За тоа да се случи, двете земји треба самите да го разрешат прашањето. Ако го сторат тоа, мислам дека постои подготвеност да се појде напред“, вели Вокер.
Тој е убеден дека постои решение што ќе ги задоволи обете страни: „Мошне добро ми се познати деталите, потешкотиите, историјата и знам колку беше тешко да се реши овој проблем. Но, мислам дека постои нешто што функционира за обете земји: начин на кој Грција ќе почувствува дека било одговорено на нејзините причини за загриженост и тоа ќе може да се покаже, и начин да и` се покаже на Македонија дека добива пат за членство во ЕУ и НАТО. Така, се надевам дека ќе видиме напредок на ова прашање пред Самитот на НАТО во септември“.
На прашањето да го прецизира решението, Вокер коментира: „Прашањето за Македонија се заснова на името на земјата и како тоа ќе се користи во различни формати. Имаше толку многу разговори и преговори за ова. Мислам дека двете страни всушност знаат што ќе биде одговорот. Се работи за тоа да се направи на начин на кој обете страни ќе почувствуваат дека постигнале успех. Мислам дека е можно“, заклучува Курт Вокер во интервјуто за Гласот на Америка.
Вокер, кој сега е извршен директор на Институтот Мекејн за меѓународно лидерство, дел од Универзитетот на сојузната држава Аризона, вели дека го видел македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во разговор со учесници на неодамна одржаната редовна годишна Минхенска конференција за безбедност, но смета дека прашањето за името но било значаен јавен дел на овој собир.
Постои подготвеност и поддршка за Македонија. Би сакале да се придвижи кон членството во НАТО, во ЕУ, и да ја види можноста за поголема економска интеграција и развој на БалканотКурт Вокер