Линкови за пристапност

Кери брифира за преговорите со Иран


Во истовреме, законодавци се сомневаат дека е можен договор

Неколку американски закондавци денес изразија сомневање дека е можен договор меѓу светските сили и Иран околу спорната нуклеарна програма на оваа земја.

Американскиот државен секретар Џон Кери денес ќе ги брифира претставниците на Сенатската комисија за банкарство за последната рунда преговори со официјален техеран. Средбата во Женева не резултираше во договор, но Кери е оптимист, велејќи дека преговорачите биле мошне блиску до такво нешто.

На денешен распит на истата тема, Ед Ројс, претседавачот на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом, ја доведе во прашање користа од евентуалниот договор, велејќи дека тој нема да ги задоволи стандардите потребни за заштита на САД и сојузниците. Елиот Енгел, кој е виш демократски претставник во Комисијата, кажа дека Иран треба да стори многу повеќе од досегашното, оти во спротивно ќе се соочи со нови санкции.

Иран инсистира дека нуклеарната програма уште од самиот почеток била наменета за цивилни потреби и бара олеснувањето на санкциите да биде дел од договорот. Стејт департментот предупреди дека воведувањето на нови санкции во овој момент би било грешка, и побара од конгресните претставници да дозволат малку повеќе време за дипломатија.
XS
SM
MD
LG