Линкови за пристапност

Средба Кери - Фабиус


Париз бара објаснување од Вашингтон за наводите за прислушкување на милиони телефонски повици на француски државјани

Американскиот државен секретар Џон Кери се сретна со шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус, во врска со наводите дека Агенцијата за национално разузнавање (НСА) прислушкувала милиони телефонски повици на француски државјани.

Според француското Министерство за надворешни работи, Фабиус на средбата утрово во Париз побарал објаснување за шпионирањето, кое портпарол на Министерството го оцени како „неприфатливо“.

Вчера, американскиот претседател Барак Обама по телефон разговарал со францускиот колега Франсоа Оланд за жестоките реакции во Франција за скандалот. Обама му рекол на Оланд дека САД ги разгледуваат собирањето на информации за да обезбедат дека постои рамнотежа меѓу безбедноста и приватноста.

Белата куќа исто така соопшти дека некои наводи во францускиот печат во врска со американските постапки се искривени.
XS
SM
MD
LG