Линкови за пристапност

ЕУ се договори за распоредување на мигрантите


Европскиот Парламент го поддржa планот за повеќе од 120.000 бегалци со цел да се олесни товарот врз членките кои се прва станица на бранот мигранти кои бараат азил

Законодавците на ЕУ ја одобрија мерката со 372 за и 124 против, а 54 не гласале. Следниот чекор е министрите за внатрешни работи на ЕУ да го одобрат планот, и да го сменат ставот на источните европски држави кои се против.

Во меѓувреме, Хрватска објави дека околу 5600 мигранти влегле во државата откако Унгарија претходно неделава ја затвори границата со Србија. ОН го оценија однесување на Унгарија со третманот на лицата коишто бараат азил како неприфатливо.

Хрватската министерска за надворешни работи Весна Пусиќ дека е подготвена да пристигнување на илјадници мигранти, но не и на десетици илјади колку што се очекуваат наредните денови.

XS
SM
MD
LG