Линкови за пристапност

Волерс за развивање на регионална стратегија за енергетски капацитети


На форумот „Енергетска стратегија, безбедност и гасификација во Македонија“, на која говореа и првите луѓе на САД и ЕУ

Западниот Балкан има потенцијал да создаде регионален енергетски пазар, посебно на гас, како обновлив и еколошки извор на енергија. Ова е заедничка констатација на учесниците на Форумот „Енергетска стратегија, безбедност и гасификација во Македонија“, на која говореа и првите луѓе на САД и ЕУ во Македонија, амбасадорите Пол Волерс и Аиво Орав.

„Македонија и останатите земји од Западен Балкан се сосема свесни за тоа кои се придобивките од вистински регионален енергетски пазар. Во таа смисла ние ја поздравуваме посветеноста на Македонија кон ЕУ интеграциите преку реформите кои веќе се спроведуваат. Во таа смисла значајно е развивање на регионалната стратегија за енергетски капацитети“, рече амбасадорот Волерс.

Иако Вашингтон досега повеќепати испраќаше загрижувачки пораки во однос на приклучувањето на овој регион кон рускиот проект Јужен тек, поради можности дека преку енергетските проекти можно е засилување на руското влијание на Балканот, амбасадорот Волерс денеска со охрабрување за продолжување на овој проект.

„Придобивките од снабдувањето со гас на овој регион се повеќекратни – греење, заштеда на енергија и намалување на загадувањето на животната средина. Овие земји имаат потенцијал за равивање на пазаери на енергија, преку соработка и размена со странски партнери како и за начините како да се имплементира тоа“, нагласи тој.

Вицепремиерот за економски прашања и министер за финансии Зоран Ставрески најави дека следната недела Македонија ќе го официјализира приклучувањето кон Јужниот тек, односно кракот кој ќе ја снабдува Македонија со руски гас. Договорот ќе биде потпишан во рамките на Форумот во Санкт Петербург. Главната траса на Јужен тек е долга околу 2.400 километри и вредна околу 15 милијарди долари. Започна да се гради лани, а треба да биде готова до 2015 година.
XS
SM
MD
LG