Линкови за пристапност

Борби во источна Украина


Бунтовниците собориле два украински хеликоптери; двајца пилоти убиени

Борби избувнаа во петок во градот што го држат бунтовници во источна Украина, во време кога украинските сили започнаа воена операција про-руските сепаратисти.

Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков вели дека бунтовниците собориле два украински хеликоптери за време на акцијата во градот Словјанск, убивајќи два пилоти.

Аваков на својата страницата на Фејсбук кажа дека Украина бара од бунтовниците да ги ослободат заложниците, да го положат оружјето, да ги напуштат заземените згради и да ја обноват градската инфраструктура.

Во Москва, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин кажа дека офанзивата од петокот му задала конечен удар на лабавиот мировен договор чија цел беше да ја смири кризата во Украина.

Путин во четвртокот побара Украина да го повлече сиот армиски персонал од проблематичниот регион во близина на руската граница. Тоа ова го кажа во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска се среќава со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон.

Во четврток украинскиот привремен претседател Олександер Турчинов потпиша декрет за мобилизација како начин за справување со се` почесто насилните проруски сепаратисти, кои држат под контрола неколку владини објекти во десетина градови во делови на Украина каде главно се зборува руски.
XS
SM
MD
LG