Линкови за пристапност

Ирачките курдски сили извојуваа голема победа врз Исламската држава


Офанзивата била потпомогната од силна воздушна кампања под американско раководство

Курдските сили во северен Ирак и во петокот продолжија со напредувањето на големата офанзива против групата Исламска држава, откако извојуваа голема победа врз екстремистите ден пред тоа.

Официјални лица во четвртокот кажаа дека курдските сили преземале од милитантите на Исламската држава голема територија и ја прекинале опсадата на Планината Синџар каде многу членови на малцинската група Јазиди беа отцепени.

Шефот на Курдскиот регионален безбедносен совет, Масроур Берзани, кажа дека борците на курдските пашмерги отвориле коридор до планината.

Илјадници Јазиди беа заглавени на планината од септември, поттикнувајќи стравување дека за масовно убиство од раката на исламските екстремисти. Американските воздушни напади и помош-пакети од воздух помогнаа за ослободување на илјадници, но многумина останаа заглавени на планината.

Во курдското соопштение се вели дека пешмерга презела осум села за време на нивната офанзива што била поддржана од силна кампања на воздушни напади предводени од САД.

Ова дојде во време кога американски претставници известија во четвртокот дека во воздушни напади во Ирак биле убиени тројца врвни лидери на групата Исламска држава.

XS
SM
MD
LG