Линкови за пристапност

Утре нова лидерска средба


Ќе учествуваат и амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли

Водачите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА утре повторно ќе седнат на заедничка маса, во обид да се постигне финален договор меѓу власта и опозицијата околу преодната влада којашто би ги подготвила и реализирала предвремените парламентарни избори, најавени за април следната година согласно политичкиот договорот од 2-ри јуни.

На средбата повторно ќе бидат присутни и амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.

Средбата меѓу Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи доаѓа четири дена по последниот нивен состанок. Таа средба заврши со заедничко соопштение од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во соопштението се вели дека политичките партии се состанале за да ги продолжат дискусиите за точната организација на Владата што ќе ги подготви изборите и дека премиерот Груевски го претставил Владиниот план за примена на препораките коишто се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото.

Во меѓувреме, медиумите шпекулираа дека деновиве Груевски и Заев се сретнале и дека договорот којшто треба да донесе решение на кризата е се` поизвесен.

XS
SM
MD
LG