Линкови за пристапност

"Шпион" стана предмет на нови политички препукувања


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска во Собранието одговарајќи на пратеничко прашање изјави дека коментарите на соседна земја коинцидирале или се координирани со опозициската СДСМ.

„Тие веројатно ќе објаснат дали постои координација или станува збор за коинциденција“, рече Јанкуловска.

На оваа изјава на Јанкуловска, СДСМ истапи со писмена реакција.
„Јанкуловска и МВР се виновни што дозволиле, доколку е обвинението издражано, осомничените лица во период од две години, додека траела истрагата, непречено да предаваат државни тајни на други лица. Во нормална држава, за вакви скандали паѓа не само министер, туку и цела влада“, стои во соопштиние од опозициската СДСМ.

Министерката за внатрешни работи ја отвори дилемата дали опозициската СДСМ има некакви врски со грчката влада, бидејќи имале исти ставови за случајот.

Јанкуловска не ја именуваше државата, но досега единствено грчката влада преку Катимерини демантираше вмешаност за скандалот, кој за Атина е фабрикуван.
„Иако не е морално кон граѓаните на оваа земја, СДСМ може да продолжи да ги брани осомничените во аферата „Шпион“ кои работеле спротивно на интересите на Република Македонија“, се вели меѓу другото во соопштенито на МВР.

Портпаролот Петре Шилегов ќе ја добие можноста своите тврдења да ги докаже пред македонските судови, се вели во соопштението на МВР.
XS
SM
MD
LG