Линкови за пристапност

Новинарот Кежаровски вечерва спроведен во затвор


Експресното спроведување на новинарот на отслужување на казната изненади и разлути многумина

Новинарот Томислав Кежаровски вечерва е спроведен во истражниот затвор во Скопје. Откако вчера Апелацискиот суд донесе пресуда со која му ја преиначи првостепената казна од 4,5 години затвор, со двегодишна, вечерва полицијата дошла во неговиот дом, каде тој беше во домашен притвор и го спровела во затворот во Шутка. Кежаровски повеќе од 20 месеци помина во притвор, дел во Истражниот затвор, а поголем дел дома.

Здружението на новинарите на Македонија го повика министерот за правда Аднан Јашари итно да покрене иницијатива за ослободување на новинарот Кежаровски, а претседателот Ѓорге Иванов да ја прифати. ЗНМ ја повика јавноста да им се приклучи на закажаниот протест во вторник за одбрана на слободата на говорот.

XS
SM
MD
LG