Линкови за пристапност

Засилен притисок за повлекување на аболицијата на претседателот Иванов


Во еден ден испратени дури три дипломатски пораки
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:32 0:00

Во еден ден испратени дури три дипломатски пораки

Во еден ден испратени дури три дипломатски пораки

Меѓународната заедница го засилува притисокот за повлекување на одлуката на Ѓорге Иванов за помилување на 50-тина политичари бидејќи, како што вели, само ја комплицира и онака сложената ситуација и дека таа треба да биде повлечена.

Во еден ден беа испратени дури три дипломатски пораки, од три различни престолнини: Брисел, Вашингтон и Хаг. Амбасадорите во Македонија веќе јавно и отворено зборуваат за загриженоста поради чинот на помилување како и за штетноста на таквиот чекор.

„Вашата земја во моментот е во сериозна политичка криза, како и криза поврзана со владеењето на правото. За жал, неодамнешната одлука на претседателот Иванов за помилувањата се движи во спротивна насока. Дополнително, сите државни претставници и институции мора да го поддржат СЈО и да создадат услови тоа да ја извршува својата работа. Вакво нешто во моментот не се случува“, изјави евроамбасадорот Аиво Орав.

„Овие институции не треба да служат на малкумина, туку на сите граѓани“, порача Орав. Американскиот амбасадор Џес Бејли, како и неговиот европски колега, не ја крие загриженоста за ефектот на помилувањата врз целата ситуација. Одлуката веќе резултираше со неколкунеделни демонстрации.

„Знаете дека сме загрижени за конкретни работи, го потенциравме прашањето со помилувањата, но остануваме во дискусии со политичките лидери и сакаме да имаме заедничка цел да и помогнеме на Македонија на нејзиниот евроатлантски пат“, изјави амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Шефот на холандската дипломатија и актуелен претседавач со Европската Унија, Берт Кундерс во писмо до четирите лидери меѓудругото напиша дека „потегот на претседателот да помилува лица поврзани со незаконското прислушување, особено на оние политичари кои се под истрага на Специјалното јавно обвинителство, мора веднаш да се повлече“.

И дел од поранешните амбасадори, се` уште влијателни во дипломатските кругови во Брисел, бараат повлекување на помилувањата. „Ова е нечуена одлука, и дава впечаток дека претседателот е над законот. Затоа тој мора да ја повлече таквата одлука и да поднесе оставка на функцијата“, порача екс-амбасадорот во Македонија, Ерван Фуере.

Засега, од кабинетот на Иванов нема официјален коментар или став за најновите повици на меѓународната заедница.

XS
SM
MD
LG