Линкови за пристапност

Продолжува изградбата на ограда на македонско-грчката граница


По ескалацијата на тензиите на границата за време на викендот, во понеделник ситуацијата е смирена

Припадниците на македонските безбедносни сили, кои беа повредени во саботата во инцидентот предизвикан од дел од економските мигранти на македонско-грчката граница, се пуштени од гевгелиската болница на домашно лекување. Ситуацијата на граничната линија потоа се стабилизирала. Според МВР, во саботата осумнаесет полицајци биле повредени, а имало и оштетени полициски возила, од стотината мигранти

Протокот на бегалците од воените подрачја денеска се одвива нормално, а економските мигранти остануваат блокирани на граничната линија.

Припадници на македонската Армија продлжуваат со поставување на жичена ограда со столбови, за да се спречат понатамошни ескалации на тензиите. Според медиумите, досега се поставени околу 13 километри жичена ограда, лево и десно од пругата, на котата 59 на граничната линија, за да се канализира протокот на мигранти и да се постигне некаква заштита од обидите за премин на границата на необележани премини.

По инцидентот министрите за одбрана и здравство Зоран Јолевски и Никола Тодоров, и заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков ги посетиле војниците и полицајците на границата каде се поставува оградата, како и пунктовите за регистрација на бегалците. Освен фунцкионерите од редовите на владеачката ВМРО и новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, од опозиционата СДСМ, беше на граничниот простор да ја провери ситуацијата на терен и здравствената состојба на повредените полицајци.

Во неделата од МВР се издадени документи на вкупно 1.941 странски државјани, меѓу кои, на 1.267 државјани на Авганистан, 424 на државјани на Сирија и 250 на државјани на Ирак.

XS
SM
MD
LG