Линкови за пристапност

На Корејскиот Полуостров и натаму напнато


Кучиња во сопственост на севернокорејската армија вежбаат напад на кукла на која е залепен портретот на јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Кван-џин
Кучиња во сопственост на севернокорејската армија вежбаат напад на кукла на која е залепен портретот на јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Кван-џин

Северна Кореја најави дека ќе ги повлече своите работници од заедничката индустриска зона со Јужна Кореја.

Северна Кореја најави дека ќе ги повлече своите педесетина илјади работници од Каесонг, заедничката индустриска зона со Јужна Кореја, со тоа прекинувајќи ја и последната врска со официјален Сеул.

Ким Јанг Гон, член на вишото раководство на земјата, за државната Севернокорејска централна новинска агенција изјави дека работата во зоната ќе прекине додека властите не одлучат дали повторно да ја отворат или пак дефинитивно да ја затворат.

Ваквиот чекор уследи по конфликтните информации од Сеул за тоа дали Северна Кореја се подготвува да изведе нуклеарно тестирање, што би било четврто по ред за оваа земја.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја повика Северна Кореја да се воздржи од „секакви натамошни провокации“. Тој кажа дека новиот нуклеарен тест би значел прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Вчера, Ким Џанг-су, главниот советник за национална безбедност на јужнокорејската претседателка Парк Гун-хе, најави дека до тестирањето или друг вид на провокација би можело да дојде приближно во среда, денот што Северна Кореја го означи за краен рок до кој им советуваше на странските дипломати да го напуштат Пјонгјанг. Тој кажа дека вистинската цел на Северна Кореја е да предизвика дипломатски отстапки од Вашингтон и Сеул, но додаде дека Јужна Кореја ја оддржува воената готовност, без разлика дали заканите од Пјонгјанг се главно реторички или не.
XS
SM
MD
LG