Линкови за пристапност

Пица „Џон Кери“


Пица Џон Кери во Швајцарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:43 0:00

На маргините на преговорите за иранската нуклеарна програма во Лозана, американскиот државен секретар овековечен на мени на ресторан

Без оглед дали ќе забележи успех на преговорите во Швајцарија за иранската нуклеарна програма, американскиот државен секретар Џон Кери ќе остане во сеќавањето на жителите на Лозана по пицата којашто го доби неговото име.

Со пилешко месо, сланина, кромид и рукола, пицата „Џон Кери“ се најде на менито на локален ресторан, во оброкот што вклучува и салата и десерт. Чини 18 швајцарски франци. Сопственикот на ресторанот Лорис Курвоазие вели дека пицата е популарна меѓу гостите.

Ресторанот е отспротива хотелот во Лозана каде што се одвиваат преговорите. Курвоазие раскажува дека Кери минатата недела го посетил ресторанот и се сликал со еден од вработените.

Пицата „Џон Кери“ не е единствената на менито којашто носи име на политичар. Во ресторанот може да нарачате пица „Барак Обама“ и други именувани според државници.

XS
SM
MD
LG