Линкови за пристапност

Контратерористичка операција во Италија


Фотографија од снимката од рациите којашто ја објави италијанската полиција
Фотографија од снимката од рациите којашто ја објави италијанската полиција

18 лица осомничени за напади во Пакистан и дека планирале напад врз Ватикан

Италијанската полиција соопшти дека врши рации чијашто цел се 18 осомничени исламски екстремисти за коишто се верува дека се поврзани со напади во Пакистан и дека можеби планирале напад врз Ватикан.

Обвинителот Мауро Мура денес на Сардинија изјави дека меѓу осомничените се и две лица за коишто се претпоставува дека биле телохранители на Осама бин Ладен. За другите осомничени се верува дека планирале напад врз Ватикан. Мауро кажа дека пресретнатите телефонски разговори дале „сигнали за некаква подготовка за евентуален напад“ врз Ватикан.

Според полицијата, лицата коишто се цел на операцијата на национално ниво наводно се Пакистанци или Авганистанци и тие се исто така осомничени дека се обиделе да започнат востание против пакистанската влада. Властите наведуваат дека некои од бараните лица се осомничени за бомбашкиот напад во Пешавар во 2009-та, во којшто загинаа преку 100 лица.

Полициската акција се` уште трае. Иако некои од осомничените лица се уапсени, полицијата верува дека други веќе ја имаат напуштено земјата.

XS
SM
MD
LG