Линкови за пристапност

Израел продолжува со палестинската офанзива


Дваесетина лица загинале, а над 100 биле повредени во најновото насилство во Газа

Најмалку дваесетина луѓе се мртви додека израелската офанзива на Појасот Газа продолжи во среда, во обид да ги спречи палестинските ракетни напади на израелските цели.

Палестински официјални лица кажаа дека 23 луѓе загинале во неколку градови во Газа, кои биле цел на нападите.

Француската информативна агенција додаде дека повеќе од 100 луѓе биле повредени во нападот.

Израел најави дека нападите можат да се прошират и на копно.

Претседателот на САД, Барак Обама, во колумна во германскиот весник Die Zeit вели „сите кои се вклучени“ треба да делуваат на разумен и на одмерен начин, наместо да бараат одмазда.

Тој ја потврди подршката на САД за решението за две држави и додаде дека двете страни „мора да бидат подготвени да ги прифатат ризиците за мирот“.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во телевизиска изјава ги повика меѓународните институции, како што се Квартетот за Блискиот Исток и Советот за безбедност на Обединетите Нации, да преземат одговорност за гарантирање на безбедноста на палестинскиот народ.

Тој побара од Палестинците да бидат обединети и трпелливи и вети дека владата ќе направи се` за да ги задоволи нивните потреби.

Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон во вторник кажа дека еврејската држава е подготвена за кампања против милитантите на Хамас во Газа, „ што нема да заврши за неколку дена“.

Израелскиот кабинет за одбрана ја овласти војската да повика 40.000 резервисти како дополнение на веќе мобилизираните 1500.

Израелската војска вели дека нејзините воздушни напади, целеле на повеќе од 100 локации, вклучувајќи куќи и места за лансирање ракети.

Израел не пријави жртви во нападот што е без преседан.

Портапролот на Белата куќа Џош Ернест ги осуди ракетните напади на Хамас и изјави дека Израел има право да се брани.

XS
SM
MD
LG