Линкови за пристапност

Ирачката армија тврди дека со курдските сили повторно ја зазела браната во Мосул


За веста немаше потврда од независен извор

Курдските сили и ирачките контратерористички единици денес ги потиснале борците на Исламската држава во Ирак и Левант (ИСИЛ) и повторно имаат контрола врз браната во Мосул, според портпароли на ирачката армија. Браната обебедува електрична енергија и наводнување за поголемиот дел на северен Ирак.

За веста немаше потврда од независен извор.

Курдски борец го подготвува оружјето на позиција близу браната во Мосул
Курдски борец го подготвува оружјето на позиција близу браната во Мосул

Портпаролите соопштија дека операцијата била изведена со воздушна поддршка, но не дадоа детали.

Американската армија вчера информираше дека извршила воздушни напади против милитантите на ИСИЛ во близина на браната, а во рамки на мисијата да ја заштити инфраструктурата и американскиот персонал во Ирак. САД започнаа со нападите порано месецов, во обид да ги заштитат илјадниците припадници на малцинството Јазиди што беа опколени од силите на ИСИЛ на планината Синџар.

XS
SM
MD
LG