Линкови за пристапност

САД добија поддршка во вооружувањето на Курдите во Ирак


Седум европски земји се придружија во напорите да се обезбеди оружје за курдските сили.

Американскиот Секретар за одбрана Чак Хегел вели дека седум европски влади се согласиле да се приклучат на САД во снабдување со оружје за курдските сили кои се борат со екстремистите на Исламската држава во северен Ирак.

Пентагон издаде соопштение дека Британија, Канада, Албанија и Хрватска ќе се приклучат на Данска, Италија и Франција во обезбедување на „итно потребното“ оружје и опрема за Курдите.

XS
SM
MD
LG