Линкови за пристапност

Лавата се приближува до домови на Хаваи


Геолозите велат дека лавата е на 70 метри од градот Пахоа и би можела да стигне до него во текот на наредниот ден.

Педесет метри широка река од лава се движи надолу по планината на американската сојузна островска држава Хаваи, заканувајќи се на домовите директно на нејзината патека.

Геолозите велат дека лавата е на 70 метри од градот Пахоа и би можела да стигне до него во текот на наредниот ден.

Селото има околу 1.000 жители кои веќе го напуштиле местото заради, како што велат официјалните лица „неизбежното“ пристигнување на густата лава жешка 2.000 степени и висока до гради на просечен човек, што извира од вулканот Килауеа. Властите велат дека уште илјадници луѓе ќе треба да се подготват за евакуирање.

Црвениот крст вели дека отвара засолниште за жителите кои се во опасност. Историската поранешна плантажа за шеќер со мали продавници е на хавајскиот Голем Остров, најголемиот меѓу осумте главни острови кои ја сочинуваат оваа пацифичка американска сојузна држава.

Текот на лавата што се заканува на градот започна на 27-ми јуни, но вулканот Килауеа постојано еруптира од 1983.

XS
SM
MD
LG