Линкови за пристапност

Хегел: американската армија подготвена за напад врз Сирија


Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел
Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел

Може „да оствари и постапи“ онака како што би решил претседателот Обама, вели секретарот за одбрана.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел вели дека армијата е подготвена да дејствува доколку претседателот Барак Обама нареди одмазда против сирискиот режим поради наводната употреба на хемиско оружје.

Хегел за Би-Би-Си денес изјави дека армијата „ги придвижила средствата на потребното место“ и дека би била подготвена да „оствари и постапи“ онака како што би решил претседателот Барак Оама.

Асошиетед прес јави дека се очекува САД денес да обелоденат, како што наведува новинската агенција „уште поформален заклучок“ дека било употребено хемиско оружје во Сирија. Сириската влада, пак, денес порекна дека извршила хемиски напад и ги обвини бунтовниците за минатонеделниот инцидент во кој загинаа стотици лица.

Медиумските извештаи наведуваат дека САД и неколку други западни земји размислуваат да го казнат сирискиот претседател Башар ал-Асад со ограничена, тесно насочена акција.
XS
SM
MD
LG