Линкови за пристапност

Грузиската владеачка партија го призна поразот


Актуелниот претседател вети помош за опозицијата во процесот на формирање нова влада по исходот на парламентарните избори.

Грузискиот претседател Михаил Саакашливи го призна поразот на парламентарните избори и честиташе на победата на опозионата колалиција предводена од милијардерот Бидзина Иванишвили.

Саакашливи вети помош за опозицијата во процесот на формирање нова влада.

Обата блока објавија победа во понеделникот, додека илјадници опозиционери славеа во главниот град Тбилиси.
Според уставот на Грузија, премиерот на земјата презема ингеренции што досега ги имаше претседателот, кога на крајот од следната година истекува мандатот на Саакашвили. Парламентот ќе го избере новиот премиер.

Претседателот Саакашвили истакна дека победата на партијата Грузиски сон и доаѓањето на Иванишвили на премиерската функција, ќе ја оттргне Грузија од Западот и ќе ја врати под влијание на Москва. Иванишвили го порекнува тоа.

Неговите симпатизери го обвинуваат претседателот дека е диктатор. Го обвинуваат и за кусата, но катастрофална војна со Русија во 2008-та година околу отцепениот регион Јужна Осетија. Кампањата на Саакашвили загуби кај гласачите и заради видео снимката од минатата недела во која било видливо како стражари во затвор тепаат и силуваат затвореници.
XS
SM
MD
LG