Линкови за пристапност

За проблемот со токсична вода во Мичиген


Како дојде до тоа повеќе од 200 жители во гратчето Флинт да имаат зголемено ниво на олово во крвта?

Владата на северната сојузна држава Мичиген, се бори со кризата со токсичната вода во градот Флинт, кадешто олово е пронајдено во крвта на повеќе од двесте деца.

Како дојде до ова?

Во водата има премногу олово.

Изложеноста на олово е опасна за сите луѓе, но, може да има катастрофални последици врз децата, како оштетување на развојот на мозокот, намалување на интелегенцијата, забавување на растот и доведува до агресивно и анти-социјално однесување.

Како оловото дошло во водата?

Во 2013-та година, Градскиот совет на Флинт донел одлука да заштеди пет милиони долари со прекинување на долгогодишниот договор со Детроит за снабдување со вода од езерото Хурон. Наместо тоа, одлучиле градот да се поврзе со нов водовод за достава на вода, директно од езерото. Но, со овој водовод се` уште во изградба, властите имале потреба од друг снабдувач на вода.

Градот започнал да ја употребува водата од реката Флинт, во април 2014-та година. Реката Флинт била многу покорозивна од водата која била доставувана од Детроит и тоа било причина за наоѓање на олово во водоводните материјали кои се филтрирале во водата од чешма.

Колку деца се засегнати?

Центарот за контрола на болести и превенција, дефинира покачено ниво на олово во крвта како пет микрограми олово во децилитар крв.

Студијата објавена во септември, 2015-та година, од страна на медицинскиот центар Харли во Флинт, има сознанија дека деца од петгодишна возраст и помлади, кои го пречекориле тој праг, се зголемил за два пати откако градот ја направил промената.

Гувернерот на Мичиген, Рик Снајдер, неодамна изјави дека има двесте евидентирани случаи на зголемено ниво на олово во крвта од минатата есен.

Но, без детално истражување на сите домови во Флинт, не е можно да се каже точната бројка на деца од градот кои можеби биле изложени.

Што е направено за да се поправи ситуацијата?

Градот повторно се врати на поранешниот снабдувач со вода од Детроит, минатиот октомври.

Националната гарда на Мичиген, полицијата и стотици волонтери дистрибуираат тестови за вода, филтри за вода и вода во шишиња за жителите.

Претставници на Одделот за квалитет на животната околина од Мичиген и лиценцирани водоводџии, планираат да посетат околу 400 домаќинства низ градот за да ги обучат сопствениците како правилно да ја тестираат водата за тие да можат да поднесуваат редовно примероци за анализа.

Државата исто така спроведува нешто што се нарекува „рационализација на системот“ за помагање на жителите кои e докажано дека имаат високо ниво на олово и бакар во водата. Напорите вклучуваат чекори за да се инволвираат луѓето во услуги поврзани со здравјето, вклучувајќи куќни посети, инспекции и транспорт за состаноци.

Државата веќе има адресирано повеќе од 37 милиони долари за катастрофата во Флинт и гувернерот повикува на план вреден 195 милиони долари за да се помогне во решавање на кризата.

Дали овој проблем можел да биде спречен?

Да. Експертите велат дека проблемот потенцијално би можел да биде избегнат едноставно со додавање на хлор во водата. Таа поправка би го чинел градот само 50.000 долари годишно.

XS
SM
MD
LG