Линкови за пристапност

Европската комисија со нов документ за мигрантите


Властите на ЕУ во Брисел ќе обелоденат предлог за обнова на правилата за барателите на азил и дополнителен предлог за едноставно модифицирање на постоечкиот план, познат како Даблинска регулатива.

Европската комисија денеска се очекува да објави документ во којшто ќе опише најмалку две опции за справување со огромниот бран мигранти кои бараат азил во Европа.

Според медиумските извештаи, властите на ЕУ во Брисел ќе обелоденат предлог за обнова на правилата за барателите на азил и дополнителен предлог за едноставно модифицирање на постоечкиот план, познат како Даблинска регулатива.

Во извештаите се наведува дека во документот на ЕУ се опишуваат, цитираме, значителни структурни слабости и пропусти во европската политика за азил и миграција, што датира уште од 1990-те години.

XS
SM
MD
LG