Линкови за пристапност

Извештај: Џихадисти влегуваат во Европа претставувајќи се како бегалци


Велат експерти за меѓународен тероризам

Според компанија со експертиза за меѓународен тероризам, од мај, наваму, биле уапсени преку 40 осомничени џихадисти во обид да влезат во Европа претставувајќи се како сириски бегалци.

Конзорциумот за истражување и анализа на тероризмот со седиште во САД, неделава соопшти дека 41 милитант поврзани со Исламската држава и двајца од ривалската Џабхат ал-Нусра, претставник на Ал Каида во Сирија, биле приведени додека се претставувале како бегалци. Некои од нив имале и лажни патни исправи.

Деветнаесет од 43-цата џихадисти биле фатени во Турција, но другите успеале да стигнат до ЕУ, пред да бидат идентификувани.

Меѓународната комисија за спас на бегалците вели дека 36.000 лица влегле во Европа само во првите три недели од јануари, вклучувајќи ги и бегалците од воените зони на Блискиот Исток и економските мигранти од Африка.

Најновите настани со откривање на џихадистите го зголемува стравот во Европа за дополнителни терористички напади, со што се интензивира притисокот врз политичарите да го забранат влезот на барателите на азил, нешто што за возврат им помага на терористичките организации да ги радикализираат изолираните муслимани во Европа.

XS
SM
MD
LG