Линкови за пристапност

Самитот на ЕУ во сенка на тензиите со Украина


Во Вилнус, Литванија денеска започна Самитот на ЕУ, засенет од одлуката на Украина да не го потпише трговскиот договор со членките на Унијата.

Лидерите на 28-те земји-членки на Унијата се наоѓаат на дводневниот Самит на разговори што се очекува да се фокусираат на проширување на Унијата кон земјите од поранешниот Советски сојуз.

Самитот требаше да биде одбележан со потпишување на историскот договор за проширување на слободната трговска зона меѓу ЕУ и Украина. Но, минатата недела Киев го суспендираше договорот за да ги зацврсти врските со Русија.

Одлуката резултираше со масовни протести во Украина предводени од поддржувачи на ЕУ. Илјадници лица се собраа во Киев изминатава недела повикувајќи ја Украина да го потпише трговскиот договор со Унијата.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович и натаму планира да учествува на Самитот и да дискутира можни трипартитни разговори со Русија и ЕУ околу економијата на неговата земја.
XS
SM
MD
LG