Линкови за пристапност

Прв случај на ебола дијагностициран во САД


Лицето било инфицирано во Либерија, а почнало да покажува симптоми неколку дена по пристигнувањето во Тексас

Американските медицински власти го дијагностицираа првиот случај на ебола во државата.

Раководителот на Центрите за контрола и превенција на болести, д-р Том Фриден потврди во вторник дека потенцијално смртоносниот вирус е најден кај машки пациент кој бил инфициран во Либерија. Лицето почнало да покажува симптоми неколку дена по пристигнувањето во Далас, Тексас, на 20-ти септември.

Фриден кажа дека неидентификуван пациент бил хоспитализиран во неделата и сега е во строга изолација. Официјални лица се обидуваат да утврдат кој може да бил во контакт со него.

Тоа најверојатно би биле пријатели и роднини. Официјалните лица велат дека никој кој летал со истиот авион до САД не е во опасност.

Шефот на агенцијата вели дека нема дилеми дека властите ќе го стават под контрола вирусот, за тој да не се шири низ САД.

Иако американските здравствени работници кои биле дијагностицирани во Африка биле вратени во САД за третман, лицето од Тексас е прв пациент дијагностициран во САД.

XS
SM
MD
LG