Линкови за пристапност

Намалувањето на трошоците за здравствена заштита ќе го намали буџетскиот дефицит


Канцеларијата за буџет вели дека новиот закон придонесува 2014-та да стане петта година по ред со намален дефицит

Буџетскиот дефицит на американската влада се очекува да се намали за околу една третина годинава, со тоа што најголемиот дел на опаѓањето се припишува на помалите дотации за здравствена заштита по имплементацијата на Законот за здравствена заштита.

Канцеларијата за буџет во извештај од понеделник кажа дека буџетскиот дефицит ќе биде 492 милијарди долари во 2014-та, или 2,8 проценти од Бруто домашниот производ споредено со 2013-та, кога дефицитот беше околу 680 милијарди долари или 4,1 проценти од БДП.

Канцеларијата за буџет за ова дава кредит, делумно, на Законот за здравствена заштита вклучувајќи ги и провизиите за осигурување и казните за поединци и бизниси кои нема да имаат здравствено осигурување.

Канцеларијата вели дека ова ќе биде петта година по ред на опаѓање на дефицитот.
XS
SM
MD
LG