Линкови за пристапност

Кипар и светските берзи


Пазарите на акции во светот паднаа во понеделник како последица на пакетот за спасувањето на Кипар, што за прв пат вклучи оданочување на банкарски влогови.

Акциите во Азија паднаа за два и повеќе проценти, додека европските и американските индекси паднаа помалку.

Во меѓувреме, Кипар презеде чекор за менување на условите за оданочување на банкарските депозити што неговите меѓународни позајмувачи го наметнаа како дел од пакетот тежок 13 милијарди долари во помош за да се избегне банкротирање на медитеранската држава.

Кипарските претставници работеа со давателите на заемот да ги намалат или елиминираат даноците на мали инвеститори, додека ги зголемуваат на оние со поголеми сметки. Кипарскиот парламент, втор ден по ред, го одложи гласањето за новиот план презакажувајќи го за вторник.

Кипарската економија е мала во однос на економијата на целата еврозона, но ниеден од претходните пакети за спасување на Грција, Португалија, Ирска или за шпанскиот банкарски систем не ги оданочуваше депозитите.
XS
SM
MD
LG