Линкови за пристапност

Дали Кипар е жртва на нетранспарентните финансиски трансакции?


Акценти од дебататa во Брисел за актуелната економска криза на Кипар

Во Брисел деновиве се водат жестоки дебати за кризата во Кипар како и мерките кои ги предвидоа минстрите од еврозоната во однос на решавање на оваа нова криза. Големи реакции посебно предизвика изјават а на германскиот министер за финасии Волфганг Шојбле.

„Некој мора да му објасни на народот дека кипарскиот модел на ниски даноци пропадна“ , изјави Шојбле обвинувајќи ги кипарските власти за погрешно водење на финасиската полтика. На ваквите обвинувања бурно реагираат претставниците на Кипар во ЕУ. Гласот на Америка ја праша европратеничката од Кипар, Антигони Пападопулу.

„Зошто не го кажува истото за другите земји кои го имаат истиот модел, за земји кои се мали, а го имаат истиот голем банкарски систем, како на пример Ирска? Луксембург има многу голем банкарски систем. Зошто Шојбле го обвинува Кипар, а не и другите земји?” одговара со прашање Пападопулу. Според неа изјавата на германскиот министер е во функција на изборна кампања.
„Во тек е кампања на Меркел, со цел да победи на изборите во Германија, а има многу силна опозиција“, вели Пападопулу.

Во дебатата за Кипар ескперите во ЕУ се со став дека процесот на решавањето на кризата треба да се искористи за Кипар да обезбеди потранспарентен банкарки систсем и да престане да биде во функција на нетранспарентни финасиски трансакции на руските компании, смета професорката Марија Родригез, која е советничка на финасиските институции на ЕУ.

„Не е во ред банките од Еврозоната да бидат употребени за интересот на руските инвеститори и нивните нетранспарентни трансакции“, изјави професорката Родригез. Во врска со ова, нашата соговорничка Пападопулу одговори:

„Јас се повикувам на извештајот на Moneyval, која е дел од Советот на Европа, и на Стејт департментот на САД, кој изработи компаративно истражување на 5 март 2013, со наслов `Перење пари и финансиски криминал`. Тие заклучија дека Кипар ги исполнува сите критериуми за анти-перење на пари во сите категории и рамки. Зборуваме за околу 20 категории на проценки и во спротивност, други земји членки на ЕУ, некои од главните обвинители кон Кипар демонстрираат значајни пропусти и слабости во борбата против перење пари која ја применуваат“, вели Пападопулу.
XS
SM
MD
LG